Момче од Сплит починало откако му застанало срцето скокајќи во базен на хотел во Босна и Херцеговина, пренесува „Курир.рс“.
Покрај останатите деца, кај базенот била и неговата мајка, која им била тренер и спасител.
Момчето било член на Академијата за фудбал „Срѓан Младиниќ од Сплит“.
Директорот на фудбалскиот турнир „Шампион Јуниор Куп 2019“, Алмир Пргуда рекол дека сите забавни настани кои биле предвидени со турнирот ќе бидат откажани.
– Турнирот ќе продолжи бидејќи овде има многу деца од цела Босна и Херцеговина и регионот – додал Пргуда.
ФОТО: Курир.рс / Принтскрин