На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со краткотраен дожд претпладне на планинските делови на исток и на запад. На високите планини ќе провејува слаб снег.
Во посеверните делови ќе дува претежно умерен западен ветер, а во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе засилува. Попладне, облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 11 до 19 степени.
Во Скопје слично време со слаб дожд претпладне. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се достигне до 15 степени.
Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 17:15 часот, а истовремено на јужната полутопка ќе настапи есента.
Пролетта ќе трае до 21 јуни до 11:07 часот кога календарски ќе настапи летото.
Летното сметање на времето, пак, ќе почне меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе се поместат еден час понапред.