60 работници на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на терен продолжуваат со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците, соопшти „Комунална хигиена“.
– Се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија. Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците. Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол, стои во соопштението.