СДСМ: Антизападниот агент Груевски им напиша команди на пионите Мицкоски и Бачев

904

Се јави антизападниот агент Никола Груевски, им напиша команди на неговите пиони, Мицкоски и Бачев против Македонија, реагира СДСМ на Фејсбук статусот на поранешниот премиер, а сега азилант Груевски.

– Кукавицата Никола Груевски, шефот на Мицкоски, Бачев и Иванов, дели наредби по социјалните мрежи, во очајни обиди да направи некаква штета на напредокот на земјата, на приближувањето кон ЕУ и НАТО. Не останаа луѓе што ќе ги слушаат антимакедонските команди на Груевски. Командантот на насилствата и сценариото на 27-ми април бадијала се залажува, за граѓаните тој одамна е завршена приказна, дел од црното, темно минато кого го чека соочување со правдата.

Немало поголемо зло што и се случило на Македонија и на сите нејзини граѓани од Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење. Тоа граѓаните многу добро го знаат. Македонија е многу посилна отколку што тоа си го замисливаат антизападните Груевски, Мицкоски и Бачев. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија оди напред и враќање назад нема!

Осудениот криминалец Никола Груевски нема да побегне од правдата. ќе ја одлежи казната за којашто е осуден и за сето зло што и го направи на Македонија, стои во соопштението.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...