Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски (22) потпиша договор со германски Магдебург.
Бундеслигашот и официјално потврди дека го привлекол играчот на Еурофарм, кој до крајот на сезоната ќе остане во битолскиот тим.
Договорот со Магдебург е до 2022 година.
Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт изјави дека Кузмановски е флексибилен играч во нападот и одбраната и ќе биде големо засилување за тимот.
– Среќни сме што успеавме да ја побеиме конкуренцијата бидејќи тој беше во фокусот на многу големи клубови – изјави Вигерт, цитиран од сајтот на клубот.
Фото: РК Металург