Универзитетската клиника за хематологија денеска се поднови со уред за мониторирање пациенти, стерилизатори, медицински аспиратор и медицински прочистувач на воздух. Средствата за набавка на апаратите биле собрани од продажбата на 32 уметнички дела на новогодишната хуманитарна аукција, што ја организирал Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Притоа се обезбедени вкупно 463.000 денари.
Директорката на Клиниката, д-р Ирина Пановска Ставридис на денешното промовирање на медицинските апарати изјави дека тие им недостигале, а особено оние кои се поставени во Одделот за трансплантација на матични хематопоетски клетки.
– Со уредот за мониторирање пациенти се следат виталните функции на трансплантираните пациенти, а медицинските стерилизатори и прочистувачи на воздух со посебно антибактерицидно дејство ќе бидат сместени во реверзната изолација. Таму се наоѓаат пациентите пред трансплантација, а и мобилниот аспиратор има огромна важност, бидејќи кај тешко болните може да се прави аспирација на лице место и да не се бара помош од КАРИЛ – рече Пановска Ставридис.
Таа се заблагодари за собраните средства од аукцијата на која, како што потенцира, учествувал и премиерот и неговото семејство.
Директорката Пановска Ставридис најави и дека ќе се изработи и посебен систем на видео надзор со кој трансплантираните пациенти ќе можат 24 часа да бидат набљудувани од дежурните сестри,
Таа нагласи дека повеќе општествено одговорни компании ѝ помогнале Клиниката, во која со години не било инвестирано, да се реновира, а во тоа многу помогнала и веб страницата на оваа установа.