Во овој момент, вкупниот долг на Општина Карпош е 1.105.000.000 денари, близу 18 милиони евра, рече градоначалникт на Карпош, Стефан Богоев во емисијата „Тренд Анализа“ на Телевизија 24.
– Само за споредба, мојот претходник, Јакимовски, во февруари и април 2014 година (предизборен период) трошел по 450 илјади денари месечно за бензин. Денеска, Општината троши околу 67 илјади денари за оваа намена. Јасно е зошто Јакимовски бега од ваков тип на дебати и милува да говори за геополитика, а не за финансискиот колапс што го направи на Карпош – рече Богоев.