Собраниската седница за уставните амандмани која требаше да почне во 13 часот e одложена за во 15 часот .
Седницата, како што се дознава неофицијално, е одложена поради средбите на премиерот Зоран Заев со осумтемина независни пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и со пратениците на Беса.
На дневен ред на пленарната седница се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.