Ѓоковиќ убедлив против Мареj во тренинг меч

157

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Британецот Енди Мареј со 2-0, по сетови 6:1 и 4:1 на тренинг меч во рамките на подготовките за Австралија опен.

Ѓоковиќ на ривалот му препушти само два гема на теренот „Маргарет Корт“ во Мелбурн пред 2.000 гледачи.

Србинот го надигра поранешниот прв светски рекет Мареј, кој моментално се наоѓа на  230. на АТП ранг листата поради долго отсуство кое е резултата на повредата на колкот.

Мечот траеше 50 минути, а го одбележа сцената кога Ѓоковиќ ја понижи одлуката на судијата која беше во негова корист, а на тоа Мареј одговори дека тој сигурно нема да го направи тоа во финале.

Грен слемот Австралија опен почнува в понеделник и ќе трае до 27 јануари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...