Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната изјава на Христијан Мицкоски и ставот кон Договорот кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од една страна пред меѓународната заедница на дипломатите им кажува дека е конструктивен, дека ќе го поддржи овој процес, дека ќе направи некоја новина во финална фаза затоа што е за ЕУ и НАТО. Но, од друга страна, веројатно не е така рече премиерот.
– Ова што вчера се случи, прво според употребата на зборови, не повика на протест туку повика на отпор. Отиде и ја покажа патеката која неговите поддржувачи треба да ја следат, а тоа е да се приклучат на протестите. Ќе прават нов 27 април? Тоа нема да го дозволиме сигурно. Што и да прават тие ѝ нанесуваат само штета на Македонија. Кога човек нема став тоа е штетно и за најмала политичка партија, а за големите партии е катастрофално. Тој влегува од еден проблем во друг, но најлошото е што тие проблеми стануваат проблеми на државата. Непријатно е чувството од тоа што тој го продуцира – пратеници да поминуваат низ одредена драматургија. Секоја закана и ширење на омраза, секоја недозволена активност на кој било граѓанин очекувам МВР да ја санкционира согласно закон. Луѓето кои веруваат во Договорот и иднината на Македонијуа минуваат низ пекол и тоа е продуцирано од г-н. Мицкоски и неговата партија. Не само што не и помага на Македонија, туку прави несогледливи последици и остава трага во нашето општетство – рече Заев.
Заев изјави дека не очекувал таква неодговорност, но оти секој на крајот ќе треба да си ја понесе својата одговорност.
-Силна опозиција треба да значи и одговорност за државата, а овде тоа го нема – оценува премиерот Зоран Заев.