Снежана Манева: Не сум рибарка што лажно се фали!

Нашата соговорничка долго била единствена жена-рибар во Дојран, но сега, вели, има и други. Сепак, единствена е која заедно со уште еден колега, лови и на минус 10 и кога врне снег, и тоа со полно работно време

1079

Случајно наидов на информацијата дека Снежана Манева, вљубеник во Дојранското езеро, активист на Слоу Фуд и риболовец, заловила дојрански рак во „дојранскиот гољ“. Во информацијата пишуваше дека ова ракче е уште еден знак дека кревкиот еко-систем на езерото пополека закрепнува. Веста ме израдува, но уште повеќе ме развесели фактот дека е рибарот – жена.

Со неа ме поврза, се разбира, кој друг ако не, Николче Николовски, нашиот драг соработник, активист и претседател на националниот одбор на здружението Слоу фуд. (Ова е организација која постои веќе околу десет години во земјава и која се залага за добра, чиста и правична храна за секого, базирана на зачувувањето на биодиверзитетот и традицијата).

Вчера, кога ѝ се јавив на госпоѓа Снежана да ја прашам дали ги видела моите прашања за нашето интервју, таа ми рече: „Јас сум сега по риба, ќе ги видам кога ќе дојдам дома“. Бидејќи во Скопје цел ден беше студено и врнеше снег, претпоставив дека штом е по риба, тоа значи дека е таму потопло и не паѓа снег, па ја прашав за времето.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...