Се бара техничка формулација околу државјанството, да се задржи идентитетот во државјанството за Македонците, но да не се почувствуваат Албанците, Турците Србите и другите обесправени, изјави премиерот Зоран Заев во врска со барањата на БЕСА околу државјанството.
– Во делот на процесите на преговорите учествувам како претседател на СДСМ. Да не бидат лошо пренесени пораките. БЕСА е принципелно поставена во однос на идентитетот. Од другата страна се осумтте пратеници кои будно следат што ќе се случува со идентитетот. Државјанството е „Македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“. Се наоѓаат технички формулации како да биде државјанството „македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“, но да се обезбеди другите да не почувствуваат дека се обесправени и дека се Македонци. Државјанството не е етничка припадност, тоа треба да го разграничиме, но ние во преговорите (со Грција) баравме да се стави во формулацијата – македонско. И сакаме тоа да се задржи и еднаш за секогаш да се знае.Тоа го знае и Билал Касами. Но истовремено не сакаме припадниците на другите етнички групи да бидат обесправени. да бидеме реални не е исто на албански „маќедонис“ и „македоник“ , Македонец и на Македонија. Тоа е игра на зборови. Ако бидеме поинвентивни ќе изнајдеме решение и за овој проблем.Верувам дека ќе го најдеме– рече Заев.
Заев рече дека вкупната бројка на пратеници кои ќе гласаат ќе се знае на самиот ден на гласање и дека ќе се види по првиот амандман за време на гласањето.
-При првото гласање за првиот амандман ќе се знае дали е обезбедено мнозинството. Ние направивме се. Сега се на потег се пратениците и тие треба да понесат одговорност – рече Заев.
Прочитајте повеќе:
Заев: Панчо Минов ќе гласа, денеска треба да се гласа првиот амандман
Заев: Канческа-Милевска ги знае сите детали, но не знам дали ќе гласа