ВМРО – ДПМНЕ го потсети Заев дека ветуваше бесплатно лекување за сите граѓани

71

Во предизбориетo Заев ветуваше бесплатно лекување за сите граѓани на Република Македонија, потсети денеска ВМРО – ДПМНЕ.

– Токму тоа Заев го има ветено на митинг на 2 декември 2016 година. „Ви реков болничкото лекување ќе биде бесплатно за сите. За секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда“. А, сега делумно го обезбедува за одредени групи граѓани. Очигледно манипулацијата му е главна алатка. Македонскиот народ нема кратко паметење – вели опозициската партија.

Според ВМРО – ДПМНЕ хаосот во здравствениот систем е се повеќе очигледен и со самиот почеток на оваа година не само што сите граѓани не добија бесплатно болничко лекување, туку и се зголеми партиципацијата.

– Партиципацијата што ја плаќаат пациентите е зголемена за дури околу 20-30 отсто, тоа значи дека пациентите ќе плаќаат поскапо. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и Филипче за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на здравството – вели ВМРО – ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...