Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ, по триумфот над Унгарија и обезбеденото учество на Европското првенство, сите заслуги им ги препиша на играчите.
– Момците заслужија да се радуваат. Не бевме перфектни, но одигравме добро. Во прилог ни одеа и резултатите од другите натпревари, така што коцките се вклопија. Пред натпреварот им реков да се насочат само на Унгарија и да не мислат на ништо друго. На крајот среќата ни се насмевна – изјави предводникот на „спартанците“.
Македонија за прв пат во својата историја ќе игра на одбојкарски континентален шампионат.
ЕП 2019 ќе се игра во септември, а ќе го организираат Франција, Белгија, Холандија и Словенија.