Индекс на демократија 2018: Македонија напредна за десет места

217

Македонија на Индексот на демократија за 2018 година на британскиот неделник „Економист“ напредна за десет места во споредба со минатата година и се наоѓа на 78 место со 5,87 поени, на скала од нула до 10.

Земјата се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, кој ги опфаќа државите со поени од 5,98 до 4,06.

Со индексот на демократија опфатени се 167 држави, а оценувани се по 60 показатели во пет категори – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, полтичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи.

Според Индексот на демократија, земјите кои имаат од нула до четири поени заведени се под категоријата „авторитарни режими“, од четири до шест се „хибридни режими“ од шест до осум се „недоволни демократии“, додека тие кои имаат од осум до 10 бодови спаѓаат во категоријата „целосни демократии“.

Во категоријата „хибридни режими“ од балканските земји се Црна Гора со 5,74 поени на 81 место, Босна и Херцеговина со 4,98 бодови е на 101 место, додека Турција е на 110 место со 4,37 поени.

Во категоријата „недоволни демократии“ се Хрватска со 6,57 поени е на 60 место, а Србија со 5,41, додека Словенија е на 36 место со 7,5 поени.

Грција на 39 место со 7,29 поении, Бугарија 46 место – 7,03, додека Романија – 66 место со 6,38 бодови.
На самиот врв на Индексот на демократија, како и досега се нордиските земји – Норвешка е на прво место со 9,87 бодови, Исланд на второ – 9,58, Шведска на трето место со 9,39. На четврто место е Нов Зеланд – 9,2, додека Данска е на петто место со 9,22 поени.

На последното место на листата е Северна Кореја со 1,08 бодови, а на претпоследно е Сирија со 1,43 поени. Во категоријата „авторитарни режими“ на 165 место е Демократска Република Конго – 1,49 поени, потоа на 164 место е Централноафриканската Република со 1,52бодови.

Според најновиот Индекс на демократија, британскиот неделник „Економист“ заклучува дека демократијата во 2018 година не се намалувала.

– Само 4,5 отсто од луѓето во светот живеат во „целосна демократија“, но вкупниот глобален резултат во 2018 година остана стабилен, првпат во последните три години, наведува „Економист“.

Само 42 држави забележаа пад во споредба со 89 земји во 2017 година, што е охрабрувачки знак, бидејќи 48 држави го подобрија својот индекс на демократија.

„Економист“ наведува дека во изминатите години заканите по демократијата ширум светот станале се поочигледни – од замирањето на Арапската пролет, доживотното владеење на кинескиот лидер, изборни победи на популистите со авторитарни тенденции во Филипини, во Бразил и во Мексико, до поткопување на демократските институции во Унгарија, Турција и Полска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...