Поранешен командант на Гвантанамо обвинет за попречување на истрага за смртта на цивил

44

Поранешниот командант на базата на Гвантанамо, капетан Џон Нетлтон, е обвинет за попречување на истрагата и други прекршоци поврзани со смртта на цивил, кој работел во базата на 2015 година.

Нетлтон, исто така, е обвинет за прикривање на докази поврзани со смртта на Кристофер Тар, чие тело беше пронајдено во морето, недалеку од американската база во Куба.

Во обвинението се наведува дека Нелтон ги прикривал информациите оти тој бил во врска со сопругата на Тер и дека двајцата се истепале ноќта кога исчезнал Тар.

Капетан беше уапсен денеска во Флорида.

Неговиот адвокат рече дека не го видел обвинението и одби да го коментира случајот.

Нетлтон командувал со поморска база во Гвантанамо, но не и со затворот за осомничени терористи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...