Летонија го победи Израел, Македонија сама решава за пласман на ЕП

117

Одбојкарската репрезентација на Летонија оствари победа над Израел со 3:1 (28:26, 24:26, 25:23, 25:23) во квалификациите за ЕП 2019 и со тоа го отвори патот на Македонија со победа од 3:1 над Унгарија во СРЦ „Кале“ да се пласира за првпат на континентален форум.

„Црвено-жолтите“ во Скопје во моментов водат со 1:0 во сетови и се само на два сета од посакуваниот пласман на Европското. Првиот сет им припадна на македонските одбојкари, откако го освоија со 25-21.

Македонија може да се пласира дури и со пораз од Унгарија, но потоа ќе зависиме од дуелот помеѓу Швајцарија и Украина, кој се игра во исто време и во моментов е 1:1 во сетови.

На ЕП се пласираат победниците на седумте групи и петте најдобри второпласирани селекции. Засега Македонија е на петтото место меѓу вторите, кое носи пласман во завршницата која ќе се игра во 4 земји од 12-29 септември годинава.

Претходно и Шведска одигра во наша полза, откако го совлада Азербејџан со 3:0 во сетови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...