Баке Јенсен: Можна е војна во Европа

3496

Норвешкиот министер за одбрана Франк Баке-Јенсен во обраќањето на седницата на „Военото друштво на Норвешка“ изјави дека постои можност да избие војна помеѓу државите во Европа.

Тој додаде дека евентуалниот судир би имал сериозни последици за скандинавските земји.

– Развојот на настаните во нашата средина покажува дека повеќе не е незамислив вооружен судир помеѓу државите во Европа – посочи Баке-Јенсен.

Тој додаде дека трошоците за одбрана на земјите во последните пет години се зголемиле за околу 30 проценти, како и дека таквиот раст ќе продолжи.

Европа ја доживува најсериозната миграциска криза од Втората светска војна, предизвикана првенствено од бројни вооружени судири и од економските проблеми во Африка и на Блиски Исток.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...