Возач на цистерна полна со гас починал од срцев удар додека возел по што цистерната удрила во рид и се преполовила.
Несреќата се случила на меѓународниот пат за Бугарија во близина на месноста викана Илиева чешма.
– Несреќата во Итната медицинска служба е пријавена во 16:50 часот по што од наша страна е веднаш интервенирано. Од прегледот на телото на сега починатиото лице со иницијали М.Б. родено 1963 година, констатиравме дека станува збор за срцев удар -n изјави доктор Гоце Стоименовски од Итната медицинска служба.
Според првичните информации, во несреќата нема други повредени лица, а на местото на несреќата во тек е увидот на истражните органи.