Еден ден, овој засипнат глас на Заев читајќи го резимето на денешната седница во македонскиот Парламент ќе одѕвонува како слободарско ехо, како манифест преку кој на најконцизен, едноставен и јасен начин беше објаснета борбата на компромисите до целта на оваа последна линија на нашиот фронт, линија, пред која стоиме сите, ама буквално сите во оваа досегашна вукојебина од држава, линија која достоинствено треба да ја пречекориме со кренати глави, не како победници, најмалку како поразени, туку, како политички зрела држава, како цивилизирана мешавина од различни вери, култури и народи, кои, заедништвото го презентираат на совршено јасен и недвосмислен, и пред се, демократски начин, дека помеѓу најголемата и најмалата заедница нема друг пат освен соживот на еднакви основи, еднакви права, еднакви задолженија, еднакви одговорности, и да ја заокружиме оваа повеќемесечна политичка голгота на оваа власт, повеќедециниска за сите во државава, заради која, на внатрешен план, таа иста власт, презентираше и кадровски и технички негативности. За грешките на претходните влади да не правиме муабет. Едноставно, брилијантно јасно резиме на Заев…
П.С. Тие кои ме познаваат, ќе ме разберат, оние кои мислат дека ме познаваат ќе мрчат, оние третите можат слободно да јадат гомна. Дозволено е… Тенкју…
(ФБ статус на авторот)