Фирмата „Пелагонија“ од Гостивар ќе врати 94 милиони денари во буџетот на Општина Центар бидејќи Врховниот суд реши судскиот спор меѓу овие две странки да се врати на почеток. Станува збор за спорт кој беше покренат поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија.
– Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на Општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД „Пелагонија“ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки – изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.