Пратеникот од редовите на владејачката СДСМ, Јован Митревски е нов координатор на пратеничката група во Собранието.
Тој доаѓа на местото на пратеникот Томислав Тунтев кој си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група за да биде директор во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. .
Пратеникот Јован Митрески е роден во 1980 година во Струга, а по професија е дипломиран економист.