Лос залута во болница на Аљаска, се почестил со украсните билки

157

Огромен лос залута во болница во најголемиот град на Аљаска, Енкориџ, привлечен од украсните билки во фоајето, па пациентите и вработените во страв гледале како животното само ужива во својата „вегетаријанска“ ужина.

– Лосот влезе во болницата низ вратата што беше отворена бегајќи од екстремниот студ во Енкориџ… Беше тоа мирна „посета“, изјави портпаролката на медицинската установа, Кирстин Ластуфка.

При кусата „посета“ на лосот на болницата, нема повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...