Беса бара да се обесштетат обвинетите од „Сопот“

172

 

Движењето Беса и претседателот Африм Гаши го поздравуваат задоцнетото ослободување на обвинетите во случајот „Сопот“, со надеж дека оваа неправда, рече Гаши, која траеше 15 години, ќе стави крај и на антиалбанскиот пристап на судството и обвинителството и конечно ќе ја инсталира правдата во овие важни институции.

– Фактот што требаше да се формира СЈО и таа да ја донесе оваа одлука, зборува многу за Јавното Обвинителство во земјата, која и со своите актуелни постапки потврдува како ја разбира правдата. Меѓутоа, за оваа одлука да биде целосно коректна, надлежните судски институции сега треба да ја започнат постапката за обесштетување на обвинетите на Сопот, додека во најкус можен рок треба да се покрене тужба против вистинските автори на делото, како и за обвинителите и судиите кои со години ги влечеа тие по затвори и судови, иако сите бевме убедени дека тие беа невини – рече Гаши.

Беса упати апел овој случај да служи како лекција и за случајот на Алмир Алиу и целокупниот правен систем во Македонија и да се стави крај на дискриминацијата, каде „Албанците се гледаат како дежурни виновници за се што се случува во државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...