Група НАТО бродови ќе вплови во Црно Море

697

Група бродови на НАТО под раководство на Холандија планира да вплови во Црно Море, изјави шефот на украинската мисија во Алијансата, Вадим Пристајко.

– Постојат оперативни групи, сега една од групите е предводена од Холандија, холандскиот брод само што почна да ги предводи другите бродови. Тие исто така планираат да впловат во Црно Море – посочи Пристајко.

Тој додаде дека НАТО  е ограничен во ширењето на своето присуство во Црно Море со доктрината која утврдува број и тонажа, како и времето на престој на воени бродови кои не припаѓаат на црноморските држави.

Пристајко ја отфрли можноста на впловување на НАТО бродови во Азовско Море, истакнувајќи дека тоа е тежок процес за воените бродови поради малата длабочина, како и поради тоа што Русија нема да се согласи со тоа.

– Не гледам зошто НАТО би одел на провокација и во принцип, НАТО нема никого да провоцира, а пред се Русија – потенцира Пристајко.

Десантниот брод на американската воена морнарица „Форт Мекхенри“ во состав на 22. Поморска експедициска група во неделата помина низ Дарданели во Црно Море.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...