Обезбедени 98 милиони денари за намалување на загадувањето на воздухот

178

Владата на денешната седница ја прифати предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019 година. Покрај програмата за инвестиции од 130.8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари.

Како што соопшти владината прес-служба, дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадување на воздухот со спроведување постапка за јавна набавка. Останатиот дел од средствата ќе се доделуваат врз основа на Јавен конкурс којшто го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно со Законот за животната средина, со склучување договори за доделување средства.

Министрите денеска ја прифатија и предлог–програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019 година. За оваа намена се предвидени 7,8 милиони денари, а целта на програмата е одредување на присуството и концентрациите на контаминентите во храната, утврдување  присуство на резидуи од пестициди во и на храната, миграцијата на одделни супстанции од материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната, мониторирање на можно присуство на ГМО храна, микробиолошки критериуми и други опасности во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...