Тунтев си поднесе оставка, оди во АЦВП

2841

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието, пренесе ТВ 24.

Тунтев се сели во АЦВП, а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.

Новиот координатор на СДСМ се уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски.

Освен Митровски, втор заменик координатор на владејачката коалиција е пратеничката Соња Мираковска од НСДП.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...