Алијансата за Албанците ќе ги гласа измените на Уставот. Ова доаѓа по средбата на премиерорт Зоран Заев со лидерорт на Алијансата за Албанците Зијадин Села, попладнево. Заев изјави дека прифатил некои од барањата на Села, односно од Преамбулата на Уставот ќе се избрише „дел одграѓаните кои што живеат во границите“ Албанци, Турци…
Заев објасни дека според таа формулација, излегува дека тие привремено живеат во Македонија и оти со бришењето на зборовите „кои што живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека привремено живеат во земјава.
Премиерот рече дека од Преамбулата е тргнат и зборот „граѓаните“ кој два пати се споменува.
– Кога ја читате преамбулата во моментот стои „граѓаните на Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во границите, а се дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и сл.“, така стои во сегашната преамбула. Она што досега е прифатено беше „коишто живеат во границите“. Зборчето „граѓаните“ пред „коишто живеат во границите“ пропуштивме да го тргнеме заради тоа што граѓаните се спомнуваат во почетокот на преамбулата и стои „граѓаните во Македонија, македонскиот народ и граѓаните како дел од албанскиот народ…“, сега е во моментот како што е формулирано, ова второто „граѓани“ се тргнува. Конечната варијанта ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“ како што е соодветно наведено тоа поприлично ги воедначува граѓаните пред својата татковина – Република Македонија – објасни Заев.
Тој изрази задоволство поради конструктивниот разговор со Села, истакнувајќи дека Алијансата за Албанците со својата определба за НАТО и за ЕУ секако и во делот на сензитивноста кон македонскиот дел од народот во РМ, продолжува во тој дух.
– Вториот амандман што всушност е прифатен и од Алијансата за Албанците и од делот на Беса е дискусијата за амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ за да биде еднакво водењето на грижата на државата спрема сите граѓани коишто живеат во дијаспората благодарение на нивната дискусија останува да биде како што веќе е прифатено основната нивна дискусија и барање да биде „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија – нагласи премиерот.
Премиерот истакна дека третата работа што е прифатена од страна на Алијансата за Албанците е дополнувањето на Уставниот закон во однос на Косово, односно, каде што покрај четирите соседи се впишува и петтиот сосед којшто е признаен од Република Македонија – Косово.
Заев рече дека на средбата било потврдено оти Алијансата за Албанците ќе даде поддршка уставните амандмани и уставниот процес во Собранието, изразувајќи уверување дека истото ќе се случи и со Беса.
– Делот на државјанството е нотирано во самиот Уставен законик. Секако ние имаме разбирања за она што значи потребата од етничка определба на граѓаните. Во самиот Уставен законик којшто е предложен од кај нас стои дека „државјанството е македонско/граѓани на Северна Македонија што не имплицира етничка припадност, тоа е граѓанство, тоа е државјанство, тоа не е етничка припадност. Но, ако мислат дека постојат формулации и реченици со коишто што ќе им дадеме право, опција на граѓани да се определат дека се граѓани на Република Северна Македонија тоа се однесува пред се на помалкубројните етнички заедници тоа е вредно за разговори. Јас верувам со Беса и тука ќе се одвиваат самите разговори – потенцираше Заев.