Тепачка помеѓу повеќе лица во Демир Хисар завршила со едно рането лице со нож и четворица приведени, информираше полицијата.
Физичката пресметка се случила синоќа околу 19.30 часот, а во неа од една страна учествувале тројца мажи на возраст од 25 до 40 години, а од друга двајца на возраст од 24 години. Со убодна рана завршил 25-годишникот.