Пејачката Бијонсе (36) и раперот Џеј Зи (48) го однеле своето најстаро дете, ќерката Блу Ајви (6), на добротворна аукција на уметнички дела во Лос Анџелес.
Двојката ѝ ја препуштила плочката за понуди, а нивната ќерка брзо се соживеала со купувањето па понудила 19.000 долари за портретот на актерот Сидни Поатје (91).
– Блу даде понуда. Сакаш да одиш до 19 – адвокатката и ТВ-водителка Стар Џонс го прашала девојчето на аукцијата. Блу Ајви потврдила и возбудено се смеела како и нејзината мајка Бијонсе. Џеј Зи се обидел да изгледа среќно откако се „шокирал“ па прво се трудел да ѝ ја спушти раката на ќерка си.
Корисниците на социјалните мрежи набрзо се „нафрлиле“ на раперот и почнале да се шегуваат на негова сметка.
„Џеј Зи гледа во ќерка си и ја прашува дали има пари за уметност“, напишал еден корисник. Друг истакнал дека раперот гледа во ќерката мислејќи дека „ова повеќе не е слатко“ и додал дека не е среќен со нејзината понуда па сега плаче во сиромаштија.
Сликата, на крај, дома ја однел актерот Тајлер Пери, кој понудил 20.000 долари. Сепак, Блу Ајви купила друга слика за 10.000 долари.
Фото: EPA/PAUL BUCK