Американец убил шестмина, обвинува ѓавол од апликација за сѐ што сторил

250

Четириесет и осумгодишниот Џејсон Далтон, кој во 2016 убил шестмина, а тешко ранил двајца, ги изненандил сите со признавање на злосторствата ден пред почетокот на судењето, пренесува „Курир.рс“.

Далтон ги убил жртвите додека работел како убер возач.

Според полицијата, кога бил уапсен, тој изјавил оти „ѓаволската фигура“ на уберовата апликација го контролирала таа ноќ.

На 20 февруари 2016 година, Далтон оставил неколку лица во гостилница во Каламазу, а потоа отишол до ресторан во кој четири жени загинале во пукањето кое се случило таму, а две лица го изгубиле животот малку подоцна.

ФОТО: Принтскрин / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...