Тешко повреден локален лидер на Алтернатива за Германија во напад во Бремен (ФОТО)

116

Локалeн лидер на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) е повреден во напад од неколку лица во германскиот град Бремен.

Полицијата соопшти дека веруваат оти нападот врз Франк Магниц, пратеник во Бундестагот и лидер на партискиот огранок на АФД во Бремен е политички мотивиран.

Нападот се случи синоќа во близина на градскиот театар.

АФД соопшти дека Магниц физички го нападнале три маскирани лица, по што тој е префрлен во болница.

Најмалата германска сојузна покраина Бремен ќе одржи регионални избори на 26 мај, истиот ден кога се закажани и изборите за Европскиот парламент.

ФОТО: АП / Фејсбук / АфД Бремен / Курир.рс

ФОТО насловна: Архива

ФОТО 2: ФОТО: АП / Фејсбук / АфД Бремен / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...