Кривичен: Сѐ уште нема одлука дали ќe се прифати обвинението за „Талир“

271

Од Кривичниот суд во Скопје велат дека сѐ уште нема решение со се прифаќа или одбива обвинението на СЈО за предметот „Талир“ во кој се поднесени две обвиненија, едното за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, другото за изградба на партиското седиште.

– Советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница  во присуство на странките, но до овој момент сѐ уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти – велат од судот.

Во случајот за обвинението за финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, досега е донесена една пресуда бидејќи обвинетата Елизабета Чингаровска се спогоди со СЈО , призна вина за перње пари и доби условна казна затвор од две години која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело. Меѓутоа, од ова, не треба да се изведуваат заклучоци.

– Со оглед дека за истиот предмет против еден обвинет, врз основа на признани на вина, веќе е донесена пресуда, не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти. Како и за сите други предмети кои се во интерес на јавноста, Основниот суд Скопје 1 – Скопје, навремено ќе ги извести странките и јавноста за решението на Советото на оценка на обвинителн акт за конкретниот предмет, кога истото ќе биде изготвено – наведуваат од судот.

Во случајот за незаконското финансирање на партијата опфатени се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“.За истото дело, како правен субјект, со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Другиот обвинителен акт кој се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата е поднесен против Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...