На бадниковата вечера паричката во семејството на премиерот Зоран Заев паднала во делот за работа и работните ангажмани.
Од министрите најмногу среќа имале министерката за правда Рената Дескоска и министерката Радмила Шекеринска.
Лепче со паричка се делело и во домот на министерот Оливер Спасовски, а најсреќна била помалата ќерка Анастасија. Кај министерот за здравство Венко Филипче, по делбата на бадниковото лепче, паричката ја добила неговата сопруга Ана.
Во семејството на вицепремиерот Анѓушев, паричката се паднала кај Бога.
Паричката од бадниковото лепче и годинава ја добил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој е најсреќен во неговото семејство шеста година по ред.
Кај координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, паричката се паднала во делот за домот. Во домот на министерот за транспорт Горан Сугарески, лепче со паричка ќе се дели на Василица.