Премиерот Зоран Заев заедно со сопругата Зорица изутрината присуствуваше на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во манастирот Водоча кај Струмица.
„Утрово присуствував на божествената литургија во црквата Св. Леонтиј, во манастирот во Водоча, Струмица. На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање којашто нѐ исполнува во овие свечени денови.Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро“, напиша премиерот на својот профил на Фејсбук.