Кобајаши испиша историја на четири скокалници

188

Јапонскиот ски-скокач Роју Кобајаши победи во генералниот пласман на турнејата „Четири скокалници“.

Младиот Јапонец испиша историја на ски-скоковите, откако победи на сите четири скокалници – Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и на крајот во Бишефсхофен.

Кобајаши им се придружи на Камил Стох и Свен Ханавалд, како единствен ски-скокач во историјата на овој спорт кој успеал да слави на сите четири скокалници.

И пред последниот натпревар беше јасно дека Кобајаши ќе оствари победа во вкупниот поредок, откако имаше огромна предност во однос на Германецот, Маркус Ајзенбихлер.

Во Бишефсхофен само ја потврди доминацијата и со скокови од 136 и 137 метри дојде до првото место. Втор заврши Давид Кубацки, а трет Штефан Крафт.

Фото: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...