Туѓман доби срп и чекан ВИДЕО

508

На неодамна поставениот споменик на Фрањо Туѓман во Загреб осамна необичен графит. На натписот „Фрањо Туѓман, прв хрватски претседател“, кој стои на постаментот на споменикот, некој со спреј нацртал срп и чекан – симбол на пролетерската солидарност, кој станал еден од препознатливите симболи на комунизмот.

Не е познато дали авторот на графитот сакал да го искаже своето противење на Туѓмановата антикомунистичка политика од девдесетите или да посети дека Фрањо Туѓман своевремено бил Титов генерал и член на Комунистичката партија, јавува хрватски „Индекс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...