ФЗОМ: Матичните гинеколози се најскапо платени со 169.000 денари по тим

Фондот информира дека во најбрз можен рок е предвидена средба на менаџментот на Фондот со претставници на ЗПГАМ.

525

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) во најбрз можен рок ќе одржи средба на менаџментот на Фондот со претставници на Здружението на приватни гинеколози на Македонија и уверува дека сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени.

„Матичните гинеколози се важна карика во здравствениот систем бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а водено се во помал број од предвидениот во Република Македонија. Фондот го препознава овој факт и пораи истото континуирано одржува редовни средби со Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија (ЗПГАМ).

Точно е дека пред два месеци беше последната средба, на која Здружението презентираше неколку барања, пред сѐ, од финансиски аспект.

Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред сѐ, во насока на обезбедување на квалитетна и навремена здравствена заштита, па така и овојпат, партнерски ги разгледува можностите за изедначување на капитациониот бод за матичните гинеколози со другите матични лекари. Но ова предвидува нови финансиски средства.

Фондот не претпочита комуникација преку медиумите, со своите стратешки партнери, па поради тоа, сакаме да ја информираме јавноста дека во најбрз можен рок, е предвидена средба на менаџментот на Фондот со претставници на ЗПГАМ. Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени.

Колку за информација, треба да земеме предвид, дека матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Република Македонија, со просечна месечна исплата од 169.000 денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55.500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар“, се наведува во соопштението од ФЗОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...