Фирма на сопругата на Макрадули добила 9 тендери, заменик-министерот не и се меша во бизнисот

1343

Фирма на Маја Трендафилова Макрадули, една од четирите нејзини сопственици, добила девет договори за јавни набавки во последните година и пол, пишуваат повеќе медиуми,

Трендафилова Макрадули е сопруга на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, а називот на претпријатието е „Опен мајд солушнс“ со дејност за изработка и одржување на софтверски решенија.

Макрадули за телевизијата Канал 5 изјави дека нема никаква врска со фирмата на неговата сопруга која за година и пол добила девет договори за јавни набавки во вредност од 90.000 евра.

– Апсолутно нема судир на интереси, јас одговарам за моите одлуки и за она што го работам. Немам никаква врска со таа фирма, не се мешам во нејзината дејност. Некој сака да ме оцрни мене и мојот 30-годишен чесен труд – изјави Макрадули.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...