Ловџија ранил колега

355

Лекар во Итна медицинска помош  во Демир Хисар пријавил дека во Здравствениот дом во Демир Хисар донесен е М. Р. (54) од село Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов.

По негово кажување, со повредата се здобил во село Обедник на место викано „Локва“ при испукување на куршум од ловна пушка од страна на С. Ѓ. (52)  од село Обедник.

Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...