Во Скопје на улица „Ѓорги Поп Христов“ синоќа во пет минути до полноќ настанал пожар на првиот кат од куќата на С. С. (72).
Според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат Ф.M (20) и М. M(28), кои ја разбудиле и извадиле С.С. надвор.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита во 00.20 часот. Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М.и М.М. им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување