Земјотрес од 6,8 степени го погоди Бразил 

177

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени вчера го погоди западниот дел на Бразил, во близина на границата со Перу.

За сега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на потресот е регистриран на околу 90 километри западно од местото Тараука.

Не се очекува земјотресот да предизвика поголема штета со оглед на тоа што бил регистриран на длабочина од 575 километри

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...