Војвотките Меган Маркл и Кејт Мидлтон ги испеглаа односите, пишуваат британските медиуми кои веќе почнаа да се фокусираат на роденденот на Кејт на 9 јануари.
Тогаш таа ќе наполни 37 години, а ќе прослави во кругот на најблиските. Британските медиуми пишуваат дека нејзината јатрва Меган веќе го купила роденденскиот подарок.
Наводно, Кејт еднаш спомнала бренд на дневници кој ѝ се допаѓа, а Меган го запамтила тоа и решила да ѝ го купи за овој роденден, пренесува британски „Мирор“.
Станува збор за мал кожен дневник кој служи за запишување на интимни мисли и сонови.