Шекеринска не кажува дали е можно да се кандидира за претседателка, фокусирана е на уставните измени

269

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, со чие име се лицитира како еден од претендентите да влезе во трка за претседател, денеска не одговори директно дали има можност да биде консензуален претседателски кандидати.

Запрашана дали е можно таа да биде, Шекеринска рече дека во моментов целиот фокус на Владата и нејзиниот личен е посветен на стратешката цел на државата, а се однесува на заокружување на уставните измени и имплементацијата на Преспанскиот договор.

– Би било изневерување на таа доверба сега дел од нашата енергија да оди на следните избори. Целиот фокус на Владата е посветен на овој процес и убедени сме дека процесот прво ќе биде успешен и второ дека ќе биде многу важен за иднината на Република Македонија – додаде Шекеринска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...