Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против скопјанецот од Бутел во чиј дом беа пронајдени речиси 300 килограми марихуана. Исто така, обвинителството бара судот да му изрече и мерка притвор.
„Сторителот неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во скопската населба Бутел со намера за понатамошна продажба и стекнување на противправна имотна корист. Врз основа на судска наредба на 4 јануари годинава, во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајдена поголема количина дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – дигитални ваги со остатоци од растителната материја. По наредба на дежурниот јавен обвинител извршена е анализа и вештачење на растителната материја и утврдено е дека станува збор за наркотична дрога – марихуана, со вкупна тежина од 295,3 килограми“, наведуваат во соопштението од ОЈО.
Скопјанецот се терети за делото неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори