Два пожари во домови регистрирале противпожарните единици во земјава во текот на вчерашниот ден.
Едниот во Битола, во куќа на улицата „Благојче Силјановски“ настанал околу 8 часот утрото. Бил изгаснат од битолските пожарникари, а екипи од СВР Битола направиле увид.
Другиот настанал во текот на ноќта во тетовското село Голема Речица во куќа на 27-годишен маж. Според првичните информации, пожарот настанал околу оџакот. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово.