Возете внимателно и со зимска опрема во источна и југоисточна Македонија

146

Причините за сообраќајните несреќи синоќа на патните правци во источниот регион се неприспособената брзина на возилата, несоодветната зимска опрема, како и ниските температури, кои не дозволиле снегот да се растопи, смета раководителот на  регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“, Кире Коцев.

Тој забележува дека синоќа, а и од утринава екипите на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен, а на патиштата нема застој во сообраќајот. Постојано се посипувани со сол и ризла, но синоќа минусните температури не дозволиле да се растопи снегот, што со помош на механизација се отстранува од коловозите.

– Проблемите на патиштата се неприспособената брзина и ниските температури, што не дзоволуваат да се растопи снегот и покрај тоа што коловозите постојано се посипуваат со сол – вели Коцев.

Тој додава дека од синоќа па до утринава на коловозите во источна и југоисточна Македонија се фрлени 300м/3 ризла и 100 тони сол. Екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на приоритетните магистрални и регионални патни правци, доколку имаат јавување за регионален патен правец до некое село веднаш ќе реагираат. Коцев апелира да се вози внимателно на патните правци во источна и југоисточна Македонија, брзината да биде приспособена на условите на патот и возачите воопшто да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...