Диего Марадона бил итно опериран во Аргентина, откако при рутинска контрола, лекарите му откриле крвавење во стомакот.
Откако фудбалската легенда не се појави на тренингот на мексиканскиот клуб Дорадос, започнаа шпекулациите дека тој веќе нема да ја извршува функцијата, но очигледно е дека отсуството било поради здравствени причини.
Марадона се жалел на болки во стомакот, по што ендоскопијата открила крварење, кое е неутрализирано со хируршкиот зафат. Лекарите тврдат дека Аргентинецот не е во животна опасност, но засега не е јасно дали ќе биде на клупата на Дорадос на неделниот натпревар против Селаја.