Ѓоковиќ елиминиран во полуфиналето на турнирот во Доха

324

Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ, загуби од Шпанецот Роберто Баутиста Агут со 6:3, 6:7 (6), 4:6 во полуфиналето на турнирот во катарската престолнина Доха од категорија ATП 250.

Шампионот од 2016 и 2017 година загуби по сет и во претходните два натпревари против Унгарецот Мартоњ Фукович и Грузиецот Николоз Басилашвили, но потоа правеше пресврти. Сега, сепак, 31-годишниот Србин го освои првиот сет, но допушти пресврт и по 2 часа и 35 минути беше елиминиран.

Во финалето Баутиста Агут ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Томаш Бердих (Чешка) и Марко Чекинато (Италија).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...