Десетина гранични полицајци веќе неколку денови се заглавени во полициската станица во село Танушевци, поради наноси од снег кои ги блокираа локалните патишта. До границата кај Косово не можела да стаса нивната замена, па и денеска останаа блокирани.
Од МВР велат дека работат на случајот и уверуваат дека полициските службеници се на сигурно, имале доволно храна и со нив биле во постојана комуникација.